Search

СП2022: Кинезите гневни поради неносење заштитни маски во Катар

Телевизиските снимки од Светското првенство во Катар на кои можат да се видат навивачи без заштитни маски на лицата предизвикаа гнев кај дел од кинескиот народ, кој сè уште е подложен на нулта толеранција на Ковид-19, додека остатокот од светот живее со коронавирусот.

– Некои посетуваат натпревари на Светското првенство без маски, а други се затворени во своите домови еден месец и не можат да излезат надвор, реагира жител на Гвангдонг на социјалната мрежа Weibo, која е кинески еквивалент на Твитер.

– Кој ми го украде животот? Нема да коментирам, додава авторот на реакцијата поради немилосрдниот пристап на кинеските власти во ограничување на ширењето на ковид заразата.

Кина, во која беше откриен првиот случај на Ковид-19, кон крајот на 2019 година, е последната голема економија во светот која сè уште се обидува да го спречи ширењето на коронавирусот преку затворање цели населени места и наметнување задолжителни тестови за милиони луѓе.

И покрај рестриктивните мерки, бројот на дневни случаи денеска во Кина достигна 29.157, што е близу до националниот рекорд од април оваа година.

Треба да знаете
Последни објави