Search

СП2022: Бразил со гол во финишот ја совлада Швајцарија

Бразил ѝ се приклучи на Франција во осминафиналето на Светското првенство во Катар, откако вечерва ја совлада Швајцарија со 1-0 (0-0) и обезбеди пласман на едно од првите две места во групата Г.

Бразил, кој вечерва настапи без повредените Нејмар и Данило, до вториот мундијалски триумф дојде во финишот на натпреварот на стадионот „974“ во Доха со голот на Касемиро во 83 минута.

Претходно денеска во истата група, во еден од највозбудливите натпревари досега на Мундијалот, Србија и Камерун одиграа нерешено 3-3.

Бразил води на табелата со шест бодови, пред Швајцарија со три, додека Србија и Камерун освоија по бод.

Последното коло е на програмата в петок кога Србија ќе игра против Швајцарија, а Камерун против Бразил.

Треба да знаете
Последни објави