Search

СП 2019: Кире Лазаров најкорисен играч по првата фаза

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е МВП по првата групна фаза на Светското првенство.

Лазаров петте натпревари во Б-групата ги заврши со вкупно 55 бодови од кои 30 се од головите и 25 од асистенциите.

Втор на оваа листа е Микел Хансен од Данска со 49 поени (35 голови + 14 асистенции).

Што се однесува на посебните листи, Лазаров е прв по број на асистенции и четврти на листа на стрелци.

Пласман меѓу најдобрите десет има и голманот Борко Ристовски. Чуварот на мрежата на македонската репрезентација го дели 8. место по процентот на одбранети удари. Тој „фати“ 47 од 126 упатени удари кон голот што претставува 37 отсто успешност.

Треба да знаете
Последни објави