Search

СП 2019: Дали Македонија ќе биде големата сензација во нејзината група?

Хрватска денеска од 18 часот игра против Бахреин во натпревар од 4. коло на ракометното СП 2019. Овој натпревар не е толку важен за избраниците на Лино Червар – во истата група се игра натпревар што е многу поважен за Хрватска.

Од 20 часот и 30 минути Шпанија, која по три кола го дели првото место со Хрватска, игра против Македонија.

Еден од оние кои веруваат дека Македонците денеска би можеле да го изненадат ракометниот свет е легендарниот хрватски голман Владо Шола. Тој е уверен дека Шпанците ќе имаат проблеми во играта со македонската репрезентација со играч повеќе.

„Шпанците размислуваат повеќе за нас, плус го имаат натпреварот против Македонците, така што ќе биде интересно да видиме дали ќе влезат во натпреварот против нас со максимален број бодови. Нашата ситуација е поповолна од нивната. Македонците против Шпанија ќе играат 7 на 6, што се покажа дека на Шпанците не им одговара“, изјави Шола, кој е стручен коментатор .

Македонија со изненадување против Шпанија (коефициентот за победа на македонската репрезентација во обложувалниците е околу 8) би се приближила до пласман во вториот круг, следната фаза за која ќе се изборат трите најдобри екипи од групата.

Со една таква сензационална победа, Македонците би се наполниле со самодоверба пред натпреварот со Исланд во последното коло, а прашање е како Шпанците би реагирале на пораз пред средбата со Хрватска, пишува хрватски медиум.

„Шпанците се екипа што се одликува со тимска игра. Имаат неколку одлични поединци, но мислам дека нивната сила не е во тоа. Нивната сила е во колективната игра и добрите состави во напад и одбрана. Играат брзо и мора да бидеме подготвени да реагираме на сите замки што може да ни ги постават“, вели Шола во анализата на најголемиот ривал на Хрватска во првата фаза од натпреварувањето.

Треба да знаете
Последни објави