Search

СП 2018: Дерби помеѓу Србија и Швајцарија, Бразил ја напаѓа Костарика

Во 2 коло од групата Е на Светското првенство во Русија, репрезентацијата на Бразил ќе ја бара својата прва победа, а за противник ќе ја има селекцијата на Костарика. Во истата група Србија игра дерби со Швајцарија, додека во групата Д силите ќе ги измерат Нигерија и Исланд.

 

Првиот меч на денешниот распоред го играат Бразил и Костарика од 14:00 часот во рамките на второто коло од групата Е. Бразилците во првиот натпревар одиграа нерешено против Швајцарија (1:1), додека Костарика доживеа минимален пораз од Србија (1:0).

Бразилците беа загрижени поради Нејмар, кој се мачеше со повреда на стапалото, но не станува збор за нешто сериозно, па така првата ѕвезда на Бразил ќе биде во комбинација за овој натпревар.

За Бразил се освен победа ќе биде неуспех, но Костарика нема лесно да се откаже, бидејќи е свесна дека евентуален пораз ќе ги испрати дома.

Во 2 коло од групата Д ќе се сретнат Нигерија и Исланд од 17:00 часот. Овој меч будно ќе го следи Аргентина, на која најмногу би им одговарала победа на Нигерија. Исланд во првото коло ремизираше (1:1), а Нигерија е поразена од Хрватска (2:0), така што денеска ќе мора да оди на победа.

За Исланд пак, од друга страна, три поени ќе значат и чекор до осминафиналето, а тоа воедно ќе најави и голема сензација, како што е испаѓање на големата Аргентина уште во групната фаза.

Мечот помеѓу Србија и Швајцарија се игра во вечерниот термин од 20:00 часот, во рамките на групата Е.

Иако Србија има два поени повеќе, двата тима поминаа одлично во 1 коло. Србија ја совлада Костарика, додека Швајцарија освои значаен бод против Бразил. Сепак, пораз за која било селекција во овој меч ќе ги поништи добрите резултати од првото коло.

Ова веројатно ќе биде натпревар во кој трпението и концентрацијата ќе бидат пресудни бидејќи и двата тима играат исклучително дисциплинирано и цврсто. Во таквите дуели обично еден гол може да го реши натпреварот.

Треба да знаете
Последни објави