Search

СП У19: Јапонија со ракометна лекција за кадетите

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија доживеа дебакл сред Скопје во последното коло од групната фаза на СП У19, откако Јапонија славеше со 22:31. Со поразот од Јапонија, Македонија заврши како четвртопласирана во својата група и во осминафиналето ќе вкрсти со Португалија, лидерот во Групата Д. Натпреварот се игра на 14. август

Избраниците на Данило Брестовац катастрофално го отворија мечот, противникот имаше серија од 6:0 на стартот, па Македонија постојано ја бркаше предноста на Јапонија.

На полувреме се замина со резултат 11:15, но „самураите“ не само што не дозволија да се вратиме во игра во продолженито од мечот, туку и дополнително ја зголемуваа позитивата.

Во финишот од мечот во два наврати дури стигнаа и до двоцифрена предност, за конечниот резултат на семафорт да гласи 22:31.

Ненад Костески со осум погодока беше прв играч во редовите на Македонија, а Мартин Серафимов мечот го заврши со четири погодока.

.

Треба да знаете
Последни објави