Search

„Спутник“: НАТО размислува за промена на политиката поради Русија

НАТО би требало да ја ревидира политиката поради хибридните закани кои доаѓаат од Русија, соопшти истражувачкиот колеџ на алијансата, а пренесе „Спутник“.

Како што наведува руската агенција, во документот „Одредување на обемот на надлежностите на НАТО“, посебно внимание е посветено на ограничувањето на Русија во источна насока.

Се оценува дека НАТО треба да формира заедници имуни на хибридни закани кои доаѓаат од Русија, а покрај тие заедници, треба да бидат вклучени и органите на локалната самоуправа, како и приватниот сектор.

Ова, пред сè, се однесува на земјите кои не се членки на алијанста, а веќе имаат искуство во тие области, како Шведска и Финска.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, претходно ја обвини Русија за мешање во внатрешните работи на суверени земји и порача дека тоа претставува најголема безбедносна закана за Европа.

Треба да знаете
Последни објави