Search

Спречен шверц на кафе од Албанија

Полицајци од граничниот премин Блато вчера спречиле шверц со кафе. Шверцерите побегнале кон Албaнија кога ги забележале полицајците.

Како што соопшти МВР при преземање службени дејствија во близина на државната граница со Република Албанија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Блато забележале три лица, кои откако ги забележале полициските службеници се дале во бегство на територија на Албанија.

По извршениот преглед на теренот биле пронајдени осум вреќи со необработено кафе со вкупна тежина од 480 килограми. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Треба да знаете
Последни објави