Search

Спречен терористички напад во Сиднеј, уапсени три лица

Австралиската полиција уапси три лица под сомневање дека инспирирани од Исламската држава планирале напад врз неколку цели во Сиднеј, вклучувајќи ги зградите на полицијаѕта и одбраната, судовите, црквите и дипломатските мисии.

Помошникот на комесарот на австралиската федерална полиција, Јан Мекартни, рече дека првиот осомничен (23) се очекува да биде обвинет за подготовка на терористички чин и подготовка за заминување во Авганистан за непријателски активности во име на Исламската држава.

Ако биде прогласен за виновен, тој може да биде осуден на доживотен затвор, објави АП.

Останатите двајца уапсени, на возраст од 23 и 30 години, може да бидат осудени на 10 години затвор.

Треба да знаете
Последни објави