Search

Спречена тепачка меѓу Брозовиќ и Лукаку во соблекувалната на Интер

Ремито на Интер (1:1) против Славија Прага на стартот од групната фаза во фудбалската Лига на шампионите ја зголеми нервозата во соблекувалната на италјанскиот калчолигаш. Во центарот на нефудбалските случувања се нашле хрватскиот интеранционалец Марсело Брозовиќ и белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку. Почнале жолчна расправија, а соиграчите спречиле да не прерасне во физичка пресметка.

Интер иако важеше за фаворит во судиското надополнување се спаси од пораз против Славија Прага. „Газета дело Спорт“ објави дека најскапото засилување во историјата на Интер, Лукаку кој пристигна летово, по мечот ги обвинил соиграчите дека не покажале доволно борбеност. Во неговото обраќање се препознал  Брозовиќ, по што дошло до расправија.

Треба да знаете
Последни објави