Search

Спортски тренер во Авганистан: Ми го убија кучето зошто сум жена

Група мажи нападнале жена со куче на планина во западен Авганистан. Тие го застрелале нејзиното куче хаски и и` рекле дека жена не може да има куче.

Сахба Баракзаи, нејзиното семејство и седуммесечното куче хаски, Асеман, често одат на планина близу нивниот дом, но, минатиот петок, прошетката се претвори во трагедија. Таа стравува дека можеби не е само проблемот со кучето, туку се сомнева дека можеби нападот има врска и со тоа што таа е спортски тренер за девојчиња.

„Се уште не го знаеме нивниот мотив, но се сомневаме дека тоа е поради нејзината кариера. Таа е првата жена која има свој клуб а овие работи тука се табу“ изјавила нејзината сестра, Сетајеш.

Сабха веќе 10 години е тренер по карате за деца во Херат, третиот најголем град во Авганистан. Исто така отворила и велосипедски клуб за тинејџери и млади девојки, многу јавен спорт во земјата каде пред две децении жените не смееа да одат на училиште, да работат или да излезат од дома без придружба од маж.

Но, како што вели сестрата на Сабха, се уште е табу девојките да возат велосипед во Херат, каде некои мажи реагираат агресивно, а нејзината сестра била одлучна да истрае во нејзината намера.

Треба да знаете
Последни објави