Search

Спортскиот коментатор Милојко Пантиќ приведен е во полициска станица за да се отрезни !

Спортскиот коментатор Милојко Пантиќ (73) одведен е во полициска станица во Белград да се отрезни од алкохолизираната состојба, откако со својот автомобил „форд фокус“ влетал во пешачка зона во Печинци, пренесуваат српските медиуми.

Во сообраќајната несреќа која се случила доцна синоќа за среќа никој не настрадал. Ова не е првпат Пантиќ да го управува својот автомобил под дејство на алкохол. Минатат година Пантиќ ја шокираше српската јавност кога беше фатен од полицијата како го вози автомобилот со 1,73 промили алкохол во крвта.

По овој инцидент Пантиќ и се обратил на јавноста со писмо во кое меѓу другот и се извинува за инцидентот кој го предизвикал и дека не бега од одговорноста, но е огорчен на медиумите како известувале.

 

 

Треба да знаете
Последни објави