Search

Според фановите, Мајкл Даглас и Кетрин Зета-Џонс беа најдобар пар на Еми-наградите

Холивудската двојка Кетрин Зета-Џонс и Мајкл Даглас се појавија во софистицирано издание на церемонијата на доделување на наградите „Еми“.

51-годишната Кетрин го привлече вниманието во бургундска креација на Кристина Отавиано и луксузен накит од Лорејн Шварц, а 76-годишниот сопруг носеше темен костум и виолетова вратоврска.

Корисниците на Твитер и фановите на актерското дуо се огласија на социјалната мрежа за да ги споделат своите размислувања, а меѓу другото, ги  прогласија за најдобар пар кој го украси црвениот тепих на „Прајметајм Еми 2021“.

Кетрин и Мајкл беа беспрекорно елегантни додека позираа пред камерите. Многу од фановите ја предвидеа бојата на фустанот што ќе го облече Кетрин на свеченоста, пренесуваат шоу-биз медиумитe.

Треба да знаете
Последни објави