Search

Според консултанската фирма Гартнер, за десет години ќе пропаднат 80 отсто од банките

До 2030 година ќе пропаднат или ќе станат беззначајни 80 проценти од традиционалните финансиски компании, односно банки, смета аналитичарот Дејвид Фурлонгер, потпретседател на истражувачката и консултантска фирма Гартнер.
Како што појасни на конференција во Австралија, банките ќе ги снајде таква судбина ако продолжат да нудат традиционални услуги, според моделот на работење и операции од 20-от век.

Истражувањето на Гартнер меѓу извршните директори на банките во 2018 година покажува дека тие продолжуваат да даваат поголем приоритет на растот на приходите, што укажува дека тие не го препознаваат трансформацискиот ефект што со себе го носи дигиталната технологија.

Меѓу 20 проценти од финансиските институции и компании кои ќе преживеат, според аналитичарите на Гартнер, една група ќе се претвори во финтек компании. Покрај тоа, нагласува Фурлонгер, зад овие промени на пазарот во голема мера ќе стојат регулаторните промени како и промените во демографијата и однесувањето на корисниците кои се разликуваат од земја до земја.

Бидејќи новата европска директива за плаќање (PSD2) ги обврзува банките да им даде на трети лица пристап до кориснички сметки, се проценува дека новите апликации за мобилни плаќања значително ќе го променат пазарот во наредните години, како што веќе се случува во другите делови на светот.

 

Треба да знаете
Последни објави