Search

Според австралискиот суд, донорот на сперма е законски татко на детето

Австралискиот суд одлучи дека донорот на сперма е законски татко на едно единаесетгодишно девојче, објави „Би-би-си“.

Одлуката на судот е донесена по разгледувањето на барањето на донорот да биде вклучен во животот на девојчето и да има право да донесува одлуки во врска со нејзиното воспитување. Австралиецот започнал судска постапка за да ги спречи биолошката мајка и нејзината сопруга да се преселат со детето во Нов Зеланд.

Правните експерти сметаат дека овој случај ќе има значителни импликации во Австралија, бидејќи ја проширува правната рамка за барање родителски права.

Неименуваниот 49-годишен маж бил долгогодишен пријател на биолошката мајка на детето, која тогаш не била во брак, а во 2006 година се согласи да донира сперма, за да имаат дете.

Тие се договориле дека детето ќе го одгледуваат заедно, но по некое времесе скарале. работата отишла дотаму што адвокатите на биолошката мајка тврделе дека тој не е вистинскиот татко на девојчето.

Сепак, тој е наведен како татко во родниот лист на девојчето.

Судот во средата донесе одлука дека човекот има правен статус на родител, со што законски е оневозможено преселувањето на детето во Нов Зеланд.

Треба да знаете
Последни објави