Search

Споменик на Александар Велики поставен во Атина

Споменик на древниот крал Александар Велики е поставен во центарот на Атина, на аголот меѓу улиците Амалија и Василисис, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Ова е втора статуа на Александар Велики во Грција, покрај онаа поставена во Солун во близина на Белата кула.

Станува збор за споменик кој е дело на истакнатиот грчки скулптор Jaнис Папас (1913-2005).

Одлуката да се постави споменик на еден од најголемите војсководци во историјата го донесе градскиот совет на Атина.

Трошокот за поставување на споменикот на Александар Велики висок 3,5 метри бил подмирен од семејството на уметникот.

Александар Велики умрел во 323 пред новата ера, откако македонското царство го проширил до Индија.

Треба да знаете
Последни објави