Search

Споменик на Александар Велики наскоро и во Атина

Во центарот на грчкиот главен град, Атина, се подига споменик на Александар Велики, висок 3,5 метри, според грчкиот весник Катимерини.

Споменикот е дело на еден од најпознатите грчки скулптори, Јанис Папас.

Досега, Александар Велики во Грција имаше споменик само во Солун.

Неодамна во медиумите се појавија шпекулации дека властите на Северна Македонија и Грција се договориле да разменат споменици, односно споменикот на Александар Велики на плоштадот во Скопје да биде префрлен во Атина, а на негово место да биде поставен атинскиот споменик Тркачот.

Властите во Атина и Скопје набрзо ги демантираа овие информации и истакнаа дека Преспанскиот договор јасно го регулира статусот на спомениците што се наоѓаат на главниот плоштад во Скопје, а се однесуваат на периодот и на личности на античка Македонија.

Треба да знаете
Последни објави