Search

Спировски: Фаворити сме против Летонија

Македонската фудбалска репрезентација попладнево го одржа првиот тренинг во Рига како подготовка за натпреварот од квалификациите за ЕУРО 2020 против домашната Летонија. На тренингот на стадионот на „Аркадија” тренираа сите фудбалери кои се во репрезентативниот состав. Фудбалерот од средниот ред, Стефан Спировски очекува три бода од овој дуел.

– Во Израел стигнавме само до бод, иако одигравме солидно. Имавме шанси и мислам доколку победевме немаше да биде незаслужено. Против Летонија сме фаворити и верувам дека ќе го докажеме тоа на терен и ќе запишеме победа. Против Австрија немаа никакви шанси за успех, но наше е да одиграме како што треба, да ги искористиме нивните слабости и да славиме победа, изјави Спировски за веб-страницата на ФФМ.

По пет кола, Македонија има пет бода, додека Летонија се уште е без освоен бод.

Средбата Летонија – Македонија е закажана за в понеделник со почеток во 20:45 часот.

Треба да знаете
Последни објави