Search

Спировска: Се грижиме за сите, во населба Пролет отворен нов дневен центар за лица со попреченост

Следејќи ја идеата едно општество за сите, посветени сме на инклузија на сите ранливи категории на граѓани во нашето општество.

За таа цел, Град Скопје и Општина Центар во соработка со Црвен крст го отворија  дневниот центар за престоj на лица со интелектуална попреченост над 18 години.

Отварањето на дневен центар од ваков тип ќе се овозможи поквалитетен живот на лицата со попреченост. Посетителите во центарот ќе имаат можност да учествуваат во разни креативни работилници за социјализација и интеграција, да бидат менторирани од назначен координатор и социјален работник и два пати седмично да работат со доктор и дефектолог. Дополнително во работата на дневниот центар се вклучуваат волонтерите од Црвен крст и студентите од Институтот за дефектологија.

Дневниот центар се наоѓа на ул.Пролет бр.39, во објект кој е реновиран и уреден според потребите на посетителите и ќе биде отворен секој работен ден од 08 до 16 часот.

Социјалдемократскиот сојуз продолжува да работи во интерес на граѓаните и подигање на свеста и совеста за значењето на еднаквоста во живеењето.

Треба да знаете
Последни објави