Search

Спасувачите неколку часови извлекувале туристка која се упатила кон една од најозлогласените плажи во Грција

На озлогласената плажа Шејтан Лимани (Пристаниште на ѓаволот) на подрачјето на Ханија на Крит била спроведена операција за спасување на француска туристка.

Французинката паднала на остри карпи за време на стрмното спуштање на плажата, а на службите за спасување им биле потребни неколку часа за да стигнат до оддалечената област и да ја спасат.

Од морето и од копното пристигнал спасувачки тим од пет лица, бидејќи пристапот до повредената туристка бил многу недостапен.

За среќа, жената се здобила со полесни повреди и била пренесена во болница.

Станува збор за спектакуларен залив кој се наоѓа на 20 километри од центарот на Ханија на Крит. За да се дојде до плажата се оди по патот до аеродромот, потоа се свртува кон селото Хордаки и се стигнува до паркинг со стрмни серпентини, но не и до плажата.

Од паркингот се оди 15 минути по екстремно стрмен пат до плажата, што не е за секого.

Најважно е да не се оди со влечки, туку со добри патики, да не се брза и да се внимава буквално на секој чекор.

Треба да знаете
Последни објави