Search

Спасовски ќе ја предводи делегација на Владата на Самит на ЕБОР за Западен Балкан во Лондон

Премиерот Оливер Спасовски денеска заминува за Лондон, Обединетото Кралство, каде ќе ја предводи делегацијата на Владата во која е и министерката за финансии Нина Ангеловска и министерот за економија Крешник Бектеши, на Инвестицискиот самит на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за Западен Балкан.

Самитот, како што соопштуваат од владината прес-служба, кој ќе се одржи утре и со кој ќе претседаваат Сума Чакрабарти, претседател на ЕБОР и Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска, како земја претседавач со ЕУ, има за цел да ги утврди најзначајните проекти на земјите членки на Западен Балкан од регионално значење кои во претстојниот период можат да очекуваат поддршка за реализација од ЕБОР.

Во рамки на посетата, предвидена е и билатерална средба на премиерот Оливер Спасовски со претседателот на ЕБОР, Сума Чакрабарти.

Треба да знаете
Последни објави