Search

Спасовски: Ќе направиме се, заедно да излеземе победници

Секој од нас треба да понесе дел од тежината и одговорноста, да се солидаризира, истакна потпретседателот на СДСМ, техничкиот премиер Оливер Спасовски, во текот на гостувањето во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој истакна дека сега треба да направиме се да им помогнеме на фирмите, да направиме работници да останат на работа, да соработуваме и заедно да излеземе победници.

Вториот сет мерки, се мерки кои се наосечни за помош на микро, малите па и средните фирми, истакна Спасовски, додавајќи дека во нив се вклучени најголемиот дел од барањата на стопанските комори.

Ќе можат да аплицираат сите, низ уредбите ќе бидат образложени деталите, порача Спасови, нагласувајќи дека здравствениот сектор е врвен приоритет за нас, лекарите кои се на првата борбена линија треба да добијат и бонус на платите, за тоа се согласуваме сите.

Треба да знаете
Последни објави