Search

Спасовски: Ја извадивме државата од режим, нудиме сигурност, јасна перспектива во НАТО и ЕУ

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, вечерва одговори на неколку прашања во телевизиско вклучување во вестите на Сител и оцени дека пред граѓаните се значајни избори, за продолжување по патот што значи сигурност за граѓаните и државата.
„Опцијата што јас ја застапувам и коалицијата Можеме покажа дека може да ја извади државата од режим, да ја демократизираме, да ја внесеме во НАТО, да добиеме одлука за почеток на реговорите со ЕУ” рече Спасовски.
Тој додаде дека ова е опција на сигурност, со јасна перспектива и јасна визија, а другата опција е опасност.
„Нудиме сигурност, продолжување на сите проекти, на изградба на инфраструктурата. Разликата е евидентна, наместо да се вратиме во режим, нудиме јасна перспектива во НАТО и во ЕУ.
Носителот на листа, Спасовски, во врска со начинот на спроведување на кампањата на овие избори, рече дека е голем предизвик за политичките патрии и за државата и повика на одговорно однесување.
„Кампањата треба да биде во интерес на здравјето на граѓаните и да овозможиме да имаме фер и демокртаски избори. Ние даваме максимум од себе да ги запазиме сите мерки, да пристапиме до секој гласач да излезат на изборите и да имаме ефикасни инститиции со полн капациет”, рече Спасовски.
„Политичката кампања е само финиш на она што ќе го направите претходно. Мора да сте храбри и да носите одлуки од интерес на граѓаните, да градите инфраструктура, се смиривме со сседите, го вративме кредибилитетот надвор како пример за решавање на предизвиците низ дијалог и вложуваме во иднината. Кампањата е сумирање на сработеното и новата прогама на СДСМ е програма за продолжување на развојот, просперитет, поуспешна држава со задоволни граѓани”, рече Спасовски.
Тој одговори и за очекувањата околу излезноста на изборите.
„Посакувам што е можно поголема излезност, ова се одлуки значајни за иднината на државата и вакви одлуки се исклучиво во рацете на граѓаните” рече Спасовски кој додаде дека здравствено-еономската криза е мотив за формирање институции со полн капацитет што можат да се справат со предизвиците, а нема опасност по здравјето ако се почитуваат мерките, бидејки гласањето е побезбедно од одење на други места, како на пример во продавница.
Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, повика секој да го искористи гласачкото право, а за предлогот на ДУИ за мандатар, рече дека за тоа не одлучуваат партиите туку „одлучуваат граѓаните”.
Треба да знаете
Последни објави