Search

Спасовски: Холокаустот врз Ромите е еден од најголемите порази на човештвото и не смее да остане заборавениот холокауст

Холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен  како што го нарекуват заборавениот холокауст, Наша политичка и морална должност е да ја сочуваме вистината за холокаустот  и неговите  жртви, Евреи, Роми, Словени и сите други  народи никогаш да не бидат заборавени. да ја сочуваме вистината за холокаустот и неговите жртви, истакна претседателот на Владата Оливер Спасовски на Комеморацијата по повод сеќавањето на жртвите од геноцидот на Ромите во рамки на Втората светска војна – 2 Август. што се одржа на платото пред Музејот на холокаустот на Евреите од Македонија.

-Со овој настан денеска одбележуваме еден од најтрагичните  настани и процеси во историјата на човештвото, холокаустот што за време на Втората светска војна  бил извршен врз Ромите и Синтите како дел од најмрачната замисла  за тн.конечно решение на нацистичката и фаштистичка закана врз слободниот свет во тој период.  Ова е ден кога се сеќаваме дека меѓу 1933  и 1945 година  нацистите кои со нивните соработници  убиле стотици илјади Роми, мажи, жени и деца  во деловите од Европа кои биле  под фашистичка окупација.  Ромите во Европа биле мета на прогон  од страна на нацистите , а масовните убиства го достигнале врвот  во период од 31 јули  до 2 август 1944 година  кога Германците ја почнале ликвидацијата  во Аушвиц… кога само во овој камп на смртта биле убиени речиси 3.000  Роми. Ова е еден од најголемите порази на човештовто  во историјата и затоа холокаустот врз Ромите не смее да остане заборавен  како што го нарекуват заборавениот холокауст, рече Спасовски.

Затоа, додаде тој, на овој ден им оддаваме почит  и на сите активисти и истражувачи  кои се дел од поширокото движење за  правата на Ромите и се залагаат  за признавање на овој геноцид.

-Од огромно значење е што во 1982 мгодина  германските власти официјално ги признаваат кривичните  дела против Ромите во текот на Втората светска војна, а 30 години подоцна  канцеларката Ангела Меркел го отвора спомен обележјето  посветено на геноцидот врз Ромите во Берлин. На 8 април 2015 година  ЕП усвои резолуција  со која 2 Август е прогласен за Европски ден  за сеќавањето на холокаустот врз Ромите со цел чествување  на жртвите од геноцидот  врз Ромите од Втората светска војна, посочи Спасовски.

Според него, непризнавањето на криминалот кој се случил тогаш  се одразува врз долгорочната дискриминација  на ромското население во Европа.Соодветното признавање на третманот  на Ромите во минатото  е од суштинско значење не само  за да се обезбеди правда и достоинство  на оние кои умреле  туку, вели, и за соочување со антиромскиот говор и негово трајно отстранување. Активностите на Владата на Северна Македонија  покрај политиките на планот на сеќавањето , образованието и истражувањето на  холокаустот вклуичуваат и мерки  во борба против атисемитизмот, против негирањето  и против обидите за искривено  толкување на холокаустот  дискриминацијата, говорот на омраза  расизмот и другите форми на кршење  на човековите права.

-Нашата политичка и морална должност  е да ја сочуваме вистината за холокаустот  и неговите  жртви, Евреи ,  Роми, Словени и сите други  народи никогаш да не бидат заборавени. Оттука е и нашата трајна определба  никогаш да не ги заборавиме сите жртви на холокаустот,  но и жртвите на останатите геноциди .да го негуваме и пренесуваме од генерација на генерација  споменот на нив,да ги учиме младите генерации за она што се  случи со цел никогаш  никаде и никому да   не се повтори.

Музафер Бајрам министер без ресор задолжен за спроведување на Стратегијата за поодбрување на состојбата на Ромите, на денешното четврто по ред одбележување на геоцидот над Ромите истакна дека во овој погром што се случи во Втората светска војна уништена е и една третина од нивното национално ткиво.

-Ние сме, бевме и ќе останеме мирољубив народ. Сите земји каде што живееме се наши татковини, а особено важи за нашата татковина Република Северна Македонија. Тука максимално поддржани од Владата се наоѓаме во концептот едно општетство за сите-концепт во кој нема место за дискриминација по ниедна основа, а најмалку по етничка. Правата и слободите во оваа наша заедничка држава треба и мора да бидат еднакви и еднакво достапни за сите…Верувам во оваа Влада, во силите на доброто, но повторно и повторно од ова симболично место – никогаш повеќе зло, никогаш повеќе холокауст, никогаш, порача министерот Бајрам.

Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија Горан Садикарио истакна дека во светската и европска историја многу малку внимание е посветено на геноцидот над Ромите и Синтите и досега речиси и воопшто да не бил истражуван. Тој мора да биде дел од историскиоит наратив, колективната меморија и свест на сите европски нациина, а клучна, е рече, едукацијата на помладите генерации за да ја научат и знаат оваа трагедија.

-Меѓународната алијанса за сеќавње на холокаусот ИХРАМ издаде препораки за предавање и учење на холокаустот кои се преведени на македонски, албански, српски и турски јазик. Се надевам дека овие препораки во најбрз можен рок ќе бидат преведени на ромски јазик, како и на сите јазици на останатите заедници кои живеат во РСМ, рече Садикарио.

Церемонијата започна со едноминутно молчење во чест на жртвите Роми од холокаустот, а заврши со симболично пуштање црни балони.

Треба да знаете
Последни објави