Search

Спасовски со дуќанџии во Автокоманда: Покажавме како правично се помага, да продолжиме по правиот пат и да избереме сигурност на изборите

Носителот на кандидатската листа за пратеници во изборната единица 2, Оливер Спасовски, имаше средби со дуќанџии во населбата Автокоманда, во скопската општина Гази Баба.
На средбите се разговараше за преземените мерки за заштита на микро бизнисите во здравствено-економската криза, како и за новите мерки за развој на економијата во Програмата на СДСМ.
„Во Програмата на СДСМ се обврзуваме за брза трансформација на македонската економија. Додека трае кризата ќе ја задржиме минималната плата на 14.500 денари, а по завршувањето на кризата ќе обезбедиме раст на минималната плата до 40 проценти и раст на просечната плата до 30 проценти, до крајот на мандатот. Покажавме дека кога има политичка волја, парите се насочуваат кон потребите на граѓаните, кон најзасегнатите, тоа е правично и праведно и така ќе продолжиме да работиме, уште повеќе и подобро”, рече Спасовски.
Тој зборуваше и за реализацијата на домашната платежна картичка како мерка којашто им помага на засегнатите категории граѓани, но и ја поттикнува потрошувачката на домашни производи: храна, текстил, домашни услуги.
„Наменивме 28 милиони евра и граѓаните деновиве ги добиваат платежните картички за купување домашни производи или користење услуги, станува збор за невработени лица и приматели на социјална помош, кои добиваат 9.000 денари, а вработените со ниски примања и младите од 16 до 19 години добиваат финансиска помош од 3.000 денари. За поддршка на домашниот туризам се доделуваат и ваучери од 6.000 денари на лица со ниски приходи. Сето тоа ќе ви помогне и на вас во дуќаните, бидејќи луѓето ќе доаѓаат тука и ќе купуваат, а со тоа ја ревитализираме и економијата.
Нема напредок со режим, сиромаштија, уцени, закани, затворање фирми, клучеви на врата од инспекции, кражби, криминал, национализам, во меѓународно изолирана земја, како што ВМРО-ДПМНЕ владееше – тие мрачни времиња се зад нас.
Пресвртот е направен и победата е на страната на прогресивните водства кои носат сигурност на луѓето и бизнисите. Во програмата се обврзуваме на правичност и силно ќе ги поддржиме домашните микро, малите и средни претпријатија. Важни се изборите на 15 јули за вашата сигурност и за сигурноста на државата, затоа излезете на гласање, да продолжиме по правиот пат”, рече носителот на листа, Спасовски во разговорите со граѓани и дуќанџии во Автокоманда.

 

Треба да знаете
Последни објави