Search

Спасовски сигурен за битката за уште еден мандат

Заменик-претседателот на Владата и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски на денешната акција „Администрацијата чисти со Не биди ѓубре” прашан дали тој ќе биде технички премиер по 3 јануари и дали е подготвен за таа позиција, посочи дека одлуката што ќе ја донесе СДСМ треба да се почитува, истакнувајќи дека тој ќе биде во битката за освојување на уште еден мандат.

– Јас сум посветен и овие 20 дена сакам да ги одработам максимално посветено на проектите на Министерството за внатрешни работи и напоменав дека одлуките во однос на технички премиер, идна Влада и така натаму, ќе ги разговараат партиските органи и тела, а какви и одлука да донесат, тоа е одлука која треба да се почитува, нагласи Спасовски.

Министерот посочи дека тој што размислува само на која позиција ќе оди, не треба воопшто да биде на ниедна од позициите.

–  За мене е многу поважен интересот на граѓаните на Македонија, Македонија како држава, отколку каде јас ќе бидам по 3 јануари. Јас сакам максимално посветено добро да ја завршам работата, како што почнав во Министерството за внатрешни работи, а понатаму од 3 јануари знам едно сигурно дека ќе бидам во битката за освојување на уште еден мандат, потенцираше Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави