Search

Спасовски- Секизќок: Има интерес за унапредување на економската соработка со Турција

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, се сретна со Хасан Мехмет Секизќок, новоименуваниот амбасадор на Република Турција во нашата држава.

Соопштено е дека Република Турција продолжува да ја поддржува Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите и дека се подобрува соработката на економски план.

На средбата е заеднички констатиран напредок во односите помеѓу двете држави, посебно во областа на економијата, образованието, одбраната, културата.

Изразени се определби за унапредување на односите меѓу двете држави, за мотивирање на нови турски инвестиции во земјава и за зголемување на трговската размена, којашто и сега е на високо ниво, со оглед дека Република Турција е меѓу десетте држави со коишто Република Северна Македонија има најголема трговска размена.

Насочени сме како Влада посебно кон економскиот развој на државата. По решенијата на сите други прашања важни за земјата, со посветеност работиме на развојот во областите што се од директен интерес за граѓаните, како што е економијата. Остануваме посветени на сите инцијативи за олеснување на соработката на овој план меѓу нашите две држави. И посебно сме благодарни за континуираната поддршка на Република Турција во остварувањето на нашите стратешки цели, членството во НАТО и напредокот во евроинтеграциите.

На средбата е оценето дека со полноправното членство на Република Северна Македонија во НАТО, се создаваат можности за поблиска соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и кон заедничките приоритети во рамки на Алијансата.

Исто така, изразена е заедничка определба за борбата против тероризмот и обезбедувањето мир во државите и светот.

Треба да знаете
Последни објави