Search

Спасовски: Очигледно е дека ќе има голема победничка коалиција

Техничкиот премиер и еден од потпретседателите на СДСМ, Оливер Спасовски денеска изјави дека интезивното договарање за предизборна коалиција очекува да биде со повеќе партии.

– Разговараме со партии со ткн. албански предзнак, но и на Србите, Роми, Власи и Бошњаци. Ќе објавиме коалиција кога ќе ги имаме сите детали. Очигледно е дека ќе има голема победничка коалиција. За нас е важно СДСМ која има јасен концепт и визија за евроинтергација, економски развој и подобрување на животен стандард, да создаде коалција која верува во овие принципи, нагласи Спасовски, кој денеска ја пушти во употреба новата шестоседна жичница на ски центарот Попова Шапка, со должина на трасата 1.420 метри и максимален капацитет 3.200 скијачи за еден час.

Тој повтори дека СДСМ има огромен коалициски потенцијал, а веќе се работи и на внатрепартиските одлуки.

– Може да разговара за идна коалиција со скоро сите политички партии и очекувам деновиве да се завршат сите тие постапки и внатре во партијата и заедно со потенцијалните коалициски партнери и ќе може да ја затвориме таа политичка приказна, рече Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави