Search

Спасовски: Очекуваме зајакнат дијалог со Вартоломеј за решавање на проблемите на МПЦ

Имавме долги и пријатни разговори со патријархот Вартоломеј во седиштето на Цариградската патријаршија. Се надеваме дека тој ќе продолжи да потикнува дијалог за решавање на проблемите кои постојат во православниот свет. Охрабрени сме дека оваа заемна комуникација ќе продолжи и понатаму и ќе започне зајакнат дијалог за надминување на проблемите коишто го има МПЦ“, рече техничкиот министер Оливер Спасовски одговарајќи на новинарско прашање околу посетата на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј во седиштето на Цариградската Патријаршија во Истанбул.

„Го поканив Вартоломеј да ја посети земјава“, рече Спасовски, истакнувајќи дека средбата дошла по иницијатива којашто започна минатата година од страна на Владата и има за цел да воспостави непосредба комуникација со Цариградската патријаршја.

Треба да знаете
Последни објави