Search

Спасовски од Спомен костурница во Куманово: Одовде најдобро се испраќаат пораките, ги остваривме националните интереси, време е за важни одлуки за економијата, изборот е сигурност

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, од Спомен костурница во Куманово најави поддршка од Куманово и од граѓаните на ИЕ 2 на опцијата „Можеме”, како сигурна понуда за иднината на граѓаните и државата.
„Овде лежат и историјата и иднината. Овде лежи идејата за прогресивна самостојна независна држава, Македонија за сите граѓани, каква што е и ИЕ 2. Оваа изборна единица е и Македонија во мало и овде најдобро се испраќаат пораките, што значи градење Едно општество за сите на кое што работиме. И одовде велиме дека победата на 15 јули ќе биде уште една победа на Република Северна Македонија” рече Спасовски.
Носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски, изрази почит кон важните мудри и државнички одлуки на претседателот на СДСМ, Зоран Заев, кој беше присутен на настанот и кон одлуките на Владата и на пратениците во Собранието, што ја поставија државата на правиот пат и ја трасираа иднината на нашата држава.
„Граѓаните на Куманово и на ИЕ 2 ги препознаат прогресивните идеи. Пркосевме и на режимот од 2006 до 2016 година. Вие со вашата храброст и посветеност успеавте да ги донесете вистинските одлуки – нашата држава да биде членка на НАТО и да ги отвориме преговорите со ЕУ” – се обрати Спасовски на претседателот Заев.
„Ги остваривме националните визии, ја запишавме државата на светската карта, имаме силни гаранции за територијалниот интегритет, никој веќе не прашува кои сме. Сега останува со важни мудри и државнички одлуки да ги развиеме економијата и перспективите на младите” рече Спасовски.
Носителот на листа, Спасовски, посочи дека граѓаните на Куманово и на ИЕ 2 го почитуваат успешното справување со здравствената и економската криза, наместо водењето популистички потези што немаше да го штитат здравјето на граѓаните, што е карактеристично за опозицијата.
 „Куманово препознава што нудат Мицкоски и опозицијата. Ги гледаме истите луѓе од минатото – Груевски обновен во Мицкоски. И исто е, дали е Груевски, Мицкоски, Мисајловски, Николоски, Милошоски… Наспроти сигурноста на „Можеме” е опасноста од враќање на режимот, со мрачни сценарија, нарачани пресуди, Ало судија од тевтерчето на Горде. Кумановчани знаат што значи напад на фирми и притисоци врз бизнисите.
Сите од Старо Нагоричане, преку Гази Баба, Бутел, Шуто Оризари. со Куманово, едногласни се граѓаните дека ја сакаат јасната перспектива и сигурноста наспроти опасноста”, рече Спасовски.
Носителот на листа, Спасовски, зборуваше за економските мерки што беа преземени изминатите три години, додека се носеа стратешки одлуки за државата, како што се покачувањето на минималната плата од 8.000 на 14.500 денари, политиките на мотивирани работници и компании, помошта за ранливите категории граѓани и рече дека тие се основата за идната програма на развој на економијата.
„600 милиони евра поддршка на претпријатијата ќе има. Отворањето на ЕУ перспективите отвораат и европски фондови во вредност од 2.5 милијарди евра. Ја зголемуваме минималната плата за 40 проценти, за 30 проценти просечната плата, утврдуваме минимална пензија, ќе вложуваме во младите луѓе преку Младинскиот додаток, Младинската гаранција и нововработените млади луѓе ќе имаат поврат на персоналниот данок на сметка на младите”, рече Спасовски.
Во врска со вложувањата во Куманово тој посочи дека се реконструирани сите регионални патишта и во следниот мандат реконструкција на култниот спортски центар Соколана и историскиот комплекс Спомен костурница каде што беше одржана вечерашната трибина со граѓаните.
Носителот на листа, Спасовски, нагласи и дека за сигурноста на секоја држава е важно да има и ред, дисциплина и правда.
„Направивме основи да се промени системот во делот на правдата. Го направивме невозможното, го донесовме Законот за јавното обвинителство на што се спротивставуваше Мицкоски и сега гледаме зошто се случувало тоа. Прашувам , уште колку обвинети ќе се појават како спонзори на ВМРО-ДПМНЕ и ќе дојдат информации дека преку тие криминални пари ја финансирале нивната партија.
Мора да застанеме на патот на криминалот и корупцијата и мора да има правда за сите. Се обврзуваме на детална проверка за имотната состојба на сите судии и обвинители, ќе има темелна ревизија на 5 проценти од сите судски пресуди во последните 5 години, по случаен избор, судиите кои застаруваат предмети, ќе бидат разрешени по автоматизам” најави Спасовски.
Тој повика на разговор на секој со секого за важноста на претстојните избори.
„Да кажеме колку е важно да се излезе и да се одлучува на овие избори, помасовно да се излезе, тие ќе бидат безбедни, како што се оди во банка или во продавница, за да добиеме ефикасни институции на системот. Да ја поддржиме коалицијата „Можеме” и она што го правевме, имаме знаење, визија, храброст и можеме да продолжиме уште повеќе и уште подобро” повика вечерва носителот на листа на ИЕ 2, Оливер Спасовски, вечерва од Куманово.
Треба да знаете
Последни објави