Search

Спасовски: Ние градиме инфраструктура, институции, држава градиме, а режимот правеше системски дупки рушеше и крадеше, тоа нема да дозволиме да го обнови

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, денеска е на средби со граѓани, пазарџии, купувачи, пензионери, во скопската Општина Ѓорче Петров.

На средбите со граѓаните од различни општествени сфери тој нагласи дека само во ИЕ 2 е инвестирано во 159 километри рехабилитирани и нови патишта, плус водоводи, канализации, болници, градинки.

„Ние градиме инфраструктура, градиме институции, држава градиме по европски стандарди, додека претходниот режимски систем правеше системски дупки, рушеше и крадеше. Станавме членка на НАТО. Со процесот на евроинтеграциите градиме мостови и ние да можеме да одиме кон Европа и Европа да ја донесеме, во секој поглед – тука, дома”, рече Спасовски.

„Мисајловски не изгради во свое Ѓорче додека беше министер во Владата на режимот, ниту крена глас зошто им ставаат на луѓето стиропор и ги оставаат во кал додека градат со мермер во својата Бела палата, а сега ќе кажува за некаква обнова тука во Ѓорче Петров или во Куманово и слично. Тој сака обнова на режимот, но тоа е минато. Градиме сигурна европска иднина и тоа продолжува со побрзо темпо и по 15 јули”, рече Спасовски.

На средбата со пензионерите тој најави повисоки пензии, како што ќе растат платите во државава, што е овозможено со стабилизацијата на Пензискиот фонд.

„Власта на ВМРО-ДПМНЕ остави огромна дупка во Пензискиот фонд, затоа што крадеа, а пензиите ги исплаќаа од кредити. Ние градиме стабилни институции. Го стабилизиравме Пензискиот фонд којшто беше во долгови и обезбедивме сигурни пензии за сегашните пензионери и за идните пензионери. Реформата во пензискиот систем се спроведува врз основа на темелни анализи и на реален раст на економијата, а не на политички, моментални решенија. Дефицитот во Фондот e намален за 3.7 милијарди денари, без радикални мерки како замрзнување на пензии или зголемување на старосната граница за пензионирање. Видовте и за време на здравствената криза дури и предвреме се исплатуваа пензиите. Сите пензионери, 324.000, од јануари добиваат месечно зголемување од 722 денари што е најголемо покачување на пензиите во последните 12 години. Бидејќи висината на пензиите е поврзана со растот на платите, а нашата цел е натамошен раст на платите, тоа значи и раст и на пензиите. Ќе има минимална пензија од најмалку 10.700 денари и раст на пензиите, а најмалите ќе се зголемат за најмалку 21 процент”, рече Спасовски.

Со купувачите и пазарџиите тој зборуваше за покачувањето на животниот стандард преку повисоки плати и зголемување на потрошувачката.

„Минималната плата ја покачивме на 14.500 денари и ќе биде 20.000 денари, а во време на претходната власт беше 9.000 денари. Просечната плата од 22.300 денари колку што ја затекнавме, ја покачивме на 27.500 денари, а ќе биде 34.000 денари до крајот на мандатот. Гласот за да продолжиме напред на изборите на 15 јули е глас за изградба стабилна држава во којашто сакаат да инвестираат домашните и странските инвеститори. Тоа значи да се гради сигурна иднина. Затоа најавуваме со право брза развојна економија. Ќе ги помогнеме домашните и странските инвеститори со 600 милиони евра. Најавуваме и една милијарда евра странски инвестиции. Тоа обновен режим не може да го овозможи, затоа ВМРО-ДПМНЕ не е опција. Опција е да продолжиме по правиот евроатлански пат кон сигурна иднина, можеме и повеќе и подобро”, рече Спасовски на средбите во Ѓорче Петров.

Треба да знаете
Последни објави