Search

Спасовски: Нема трговија со органи во случаите на починатите исчезнати лица

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски изјави дека трговија со органи не се крие зад случаите со исчезнати, па потоа најдени починати лица. Тој пораче дека нема простор за паника.

-Апелирам до граѓаните на одговорен однос и на одговорен пристап, затоа што најлесно е да седите пред компјутер и да напишете нешто на социјалните мрежи што ќе ги вознемирува дополнително граѓаните на Република Македонија. Вчера прочитав информации за некакви исчезнувања, па наводно потоа биле наоѓани без органи. Апсолутно ги демантирам овие работи и сите овие случаи на исчезнати лица се врши обдукција на нивните тела и извештаите точно се познати. Во ниту еден момент нема простор за паника”, изјави министерот Спасовски.

 

Треба да знаете
Последни објави