Search

Спасовски на средба со млади: Да го доисчистиме и политичкиот отпад на 15 јули, мора да изеземе сите на гласање, за сигурна европска младинска иднина дома

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, попладнево се сретна со млади луѓе во општината Гази Баба.
„Ве мотивираме да учите, работите и живеете во својата земја со реална поддршка и затоа изборот на коалицијата Можеме на 15 јули е глас за вашата шанса за сигурна европска иднина дома. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, режимот ги крадеше парите на граѓаните и со бесперспективноста ги бркаше младите од државата. Тие времиња не смееме да дозволиме да се вратат. Затоа не смееме да останеме дома на 15 јули. Се носи важна одлука и мора сите да излеземе на гласање и да гласаме за број 3 и за младинската сигурна иднина”, повика Спасовски.
„Во Програмата на СДСМ се обврзуваме на создавање средина во којашто младите ќе го јакнат претприемачкиот дух, иновациите и креативноста. Ќе продолжиме да градиме општество кое поттикнува почитување на талентите и вештините за подобрување на општеството.
Оператиниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1.3 милијарди денари. Ќе има директна поддршка на младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра. Обезбедуваме поврат на персонален данок за сите нововработени млади до 29 години во првите две години од работењето. Парите одат директно на сметките на младите. Продолжува и мерката за 3.000 денари месечен младински додаток во производството за вработени млади лица до 23 години со завршено најмалку средно образование” додаде Спасовски.
Тој посочи на резултатите од некои досегашни младински политики како што е проекот Младинска гаранција.
„Нашата држава е прва земја која не е членка на ЕУ, а го спроведува овој проект. Преку Младинската гаранција, во 2018 година беа вклучени се 5.266 млади од кои 1.923 се вработени. Во 2019 година, вклучени во Младинската гаранција биле 20.302 млади од кои 6.036 се вработени. Во 2020 година, заклучно со 30.јуни, за само 6 месеци, вклучени се 8.173 лица, од кои дури 2.431 се вработиле. Сите други се вклучени во други мерки за зголемување на нивната вработливост, меѓу коишто е и дообразувањето. Активните мерки за вработување, каде освен Младинската гаранција влегуваат и разни добиени грантови, обуки, ИТ вештини, помогнаа на 14.000 млади до 29 години да најдат работа, да се обучат, да се дообразуваат. Со нив 5.412 лица директно се вработиле, а 8.991 лице преку оваа мерка поминале подготовка за потенцијално вработување. Никогаш не биле младите вака директно поддржани со конкретни политики и финансиска поддршка, како денес” посочи Спасовски.
Тој рече дека СДСМ знае дека на младите освен повискоите плати, што ќе бидат обезбедени преку новата развојна економија, им значат и условите за живот, поради што ќе градиме и иновативна, дигитална, праведна и еко држава.
„Еколошки мерки се потребни и во политиката, конечно да расчистиме со остатоците од режимот, ајде на 15 јуни да ја довршиме работата и да го доисчистиме политичкиот отпад” ги повика Спасовски, младите, на средбите во Гази Баба.

 

Треба да знаете
Последни објави