Search

Спасовски на маалска средба во Маврово и Ростуша: Го исполнуваме ветенето во „Планот за живот” трошоците се помали и парите се враќаат кај граѓаните

Потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски, придружуван од градоначалникот на Општина Маврово и Ростуша, Медат Куртовски, претседателот на ОО СДСМ Маврово и Ростуша Самир Ајдини и пратеникот од Гостивар од владеачкото мнозинство Благојче Трпевски беа со граѓаните на населеното место Велебрдо.
Пред присутните, потпретседателот Спасовски зборуваше за повеќе актуелни теми, а имаше можност да се информира и за потребите, проблемите и барањата на граѓаните.
-Како што можете и самите да се уверите, за само 2 години реализиравме повеќе мерки од тоа што беше ветено во Планот за живот во првите 2 години. Постојано спроведуваме рефоми што се битни за државата но и за евроинтеграцијата. Но процесот на реформи нема да е целосен ако изостанат реформите во правата. Затоа е битно да ја зајакнеме правната држава, да обезбедиме неселктивност во правосудството, а тоа ќе го постигнеме со носењето на Законот за Јавно обвинителство кој ќе ги унапреди капацитетите на правната држава. Ветивме правда и правда за сите ќе има, порача Спасовски.
Спасовски истакна дека мерките и политиките што ги спроведува Владата предводена од СДСМ ги намалуваат трошоците на граѓаните, а враќаат се повеќе пари во семејните буџети.
-Во првите 2 години успеавме да ја укинеме радиодифузната такса, да ја вратиме евтината тарифа на струја, да ги намалиме трошоците за извршители и нотари, да ги намалиме енормните казни и да воведеме концепт на опомена. Проектот „Мој ДДВ” дава неверојатни резултати и откако почна со реализација, од една страна ја сузбива сивата економија, од друга страна обезбедува повеќе пари на крајот од годината за секое семејство. Реализиравме и низа мерки во земјоделието со што го вративме достоинството на земјоделците, ги исплативме тековните и заостанатите субвенции и ги намаливме трошоците за производство – рече Спасовски.
Продолжуваме посветено да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, тие се наш единствен приоритет – заклучи Спасовски
Треба да знаете
Последни објави