Search

Спасовски најави изградба на модерен затворен систем за наводнување на Славишко Поле

 Општина Ранковце и Крива Паланка ќе добијат нов, современ систем за наводнување на Славишко Поле, кој ги опфаќа земјоделските површини почнувајќи од село Псача, Петралица и Гиновци, како и зафатот за пренасочување на Крива Река која ќе биде главен извор за вода во овој систем за наводнување, најави премиерот на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, за време на денешната посета на општина Ранковце, по повод пуштање во употреба на адаптирана сала за промоција на туристичките атракции и потенцијали.

Системот за наводнување земјоделско земјиште ќе опфати земјоделски површини од вкупна површина од околу 200 хектари.

– Задоволство ми е да најавам дека Славишко Поле ќе го добие првиот модерен затворен систем за наводнување,  финанисран од средства од Европската унија, во висина од околу 1.7 милиони евра. Овој проект е и голема заслуга на работата на поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.  Се очекува во наредните петнаесетина дена избраниот изведувач да отпочне со градежни работи на терен. Овој систем ќе биде голема придобивка за регионот, како што Вардарска долина беше успешен проект. Многу е важно да се создадат услови за развој во секој сегмент во општините од државата, зашто секоја мала промена на локално ниво значи многу за целокупниот развој на државата, рече Спасовски.

Со новиот систем ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште и ќе биде достапен за 1500 жители кои главно се занимаваат со земјоделство и сточарство.

Треба да знаете
Последни објави