Search

Спасовски – Лоренцо Сера: Скопје и Мадрид имаат одлична соработка во борбата против организираниот криминал

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Министерството за внатрешни работи оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Емилио Лоренцо Сера, на која станало збор за одличната оперативна соработка помеѓу двете земји во борбата против организираниот криминал, справувањето со илегалните текови на миграција и за меѓусебната соработка во однос на заканите кои произлегуваат од терористичките закани.

Како што соопшти МВР од амбасадорот Лоренцо Сера била нагласена поддршката на Кралството Шпанија за нашето успешно зачленување во НАТО Алијансата и поддршката за нашата идна интеграција во Европската Унија.

Треба да знаете
Последни објави