Search

Спасовски и Сугарески во увид на далекуводот „ТС Штип – ТС Пробиштип” пред пробното пуштање

Премиерот Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и генералниот директор на АД МЕПСО Ева Шуклева денеска, пред пробното пуштање во работа, ќе ја посетат делницата од 110 kV далекувод „ТС Штип – ТС Пробиштип”, во делот од ТС Штип до приклучокот на ИЗ Неокази.

Далекуводот „ТС Штип – ТС Пробиштип” е финансиран со заем од ЕБОР, а инвестицијата за изградба чини 2,45 милиони евра. Далекуводот е со должина од 25,21 километри и претставува капитален инфраструктурен проект што ги поврзува трафостаниците ТС Штип и ТС Пробиштип и е од исклучителна важност за енергетско снабдување на регионот.

Треба да знаете
Последни објави