Search

Спасовски и Ременски со различни аргументи за употребата на мерката лица со прикриен идентитет

Се уште тече седницата на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на која од вкупно 91, досега беа разгледани 40 – тина амандмани поднесени за Предлог законот за Агенција за национална безбедност. По оваа точка, на дневниот ред е и Предлог законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и потпретседателката на Собранието Фросина Ташевска Ременски, ги судрија аргументите околу амандманот во однос на употребата на мерката за користење на лица со прикриен идентитет. И додека Ременски оцени дека премногу големо дискреционо право му е дадено на директорот на Агенцијата да издава наредби и да определува во кој случај ќе биде користено лице со прикриен идентитет, Спасовски смета дека не треба да се го подига нивото Врховниот суд да одлучува за тоа како ќе биде искористена оваа мерка и дополнително заради тоа што во постоечкиот закон за нејзината употреба утврдува директорот со подзаконски прописи.

Ремеснки укажа дека е потребно судот да биде исклучиво надлежен за давање наредба и одобрение на мерка за користење лица со приокриен иднетитет, а не директорот како што се предлага во Предлог-законот.

– Судот и јавното обвинителство се одговорни и надлежни органи кои можат да оценат законитост на издадена наредба за примена на мерка, кој во Законто за кривична постапка е посебна истражна мерка и поделжи на сериозно одобрување и аргументаицја во делот на барањето за спроведување, појасни таа.

Оставањето на можноста директорот да издава наредба за користење лица со прикриен идентитет, потенцира, може да доведе до злоупотреба.

– Ова е сериозно сомневање изразено и од јавната дебата, имајќи предвид дека и во актуелни судски постапки на СЈО, во кои како сведоци се повикуваат лица кои ги обезбедиле незаконски следените комуникации, во кои слушавме изјави од обвинети и од лица кои се во самото обвинение дека биле ангажирани како агенти, извршувале одредени активности по наредба од обвинети лица во постапката на СЈО. Меѓутоа, никој досега не даде одговор дали и по кој основ тие лица се ангажирани. Говорам конкретно за изјавата на т.н. Нинџа, кој излезе со тврдење дека бил ангажиран од Управата во извршување на некакви специјални задачи, изјави Ременски. Додаде дека во вршењето на своите обврски од спроведување на мерката лицето со прикриен иднетитет, може хипотетчки да го загуби својот живот, да поттикне извршување кривично дело, да биде сторител на кривично дело во спроведување на мерката со прикриен иднетитет. Само судот, подвлече, е тој што може во следни постпаи да утврдува дали сознанијата добиени со мерката користење лице со прикриен идентитет се обезбедни на законит начин и се веродостојни за водење  каква било постапка, независно дали се работи за сознание за кривично дело за кое ќе постапува јавен обвинител или се работи за оценка на законитоста  на постапката на самата Агенција, која има право и пребвентитвно да работи.

Во аргументацијата министерот Спасовски, се повика и на компаративните искуства односно рече дека се остава можност за поголема оперативност на Агенцијата. Агенцијата, повтори, не работи по Законто за кривична постапка, туку има превентивна улога во заштита на уставниот поредок на државата и организираниот криминал.

– Во моменти кога ќе се потврдат доволно индиции и ќе има сериозен сомнеж дека некој може да го загрози уставниот поредок и има група за криминал, тогаш мерки презема Јавната безбедност и имаме тогаш утврдување посебни истражни мерки по Законот за кривична постапка. И во тој закон не стои дека судот определува посебна истражна мерка користење лица со прикриен идентитет за следење и прибирање информации и податоци, рече меѓу другото министерот Спасовски.

Треба да знаете
Последни објави