Search

Спасовски за Мисајловски: Додека јас се борев против режимот и грабежот на народот, тој беше дел од системот на “луѓе во ендек”, кој земаше провизии за автопатишта, враќање на режимот е платформата на Мицкоски

„Додека јас се борев против режимот, тој слугуваше на режимот. Додека јас се борев да воспоставиме институции преку Собранието, тој учествуваче во организација на нападот на Собранието. Додека јас се спротивстваував на пљачката на овој народ, тој беше дел од системот којшто земаше провизии за градба на автопатишта, тука се големи разликите. Додека јас се борев за слобода на мислење, на изразување, на новинарството, тој беше дел од структурата којашто ги напаѓање новинарите, ги напаѓање граѓаните, средношколците. Додека јас се борев против рушењето на човековите права и прислушувањето, тој беше дел од режимот којшто прислушуваше во цела држава, додека јас правев реформи во безбедносниот систем, тој посакуваше злоупотреба на институциите. Додека јас во овие три години реализирав проекти за секоја една општина во ИЕ 2, тој не може да се пофали со ниту еден проект во сопствената општина од којашто доаѓа. Дали на враќање на режимот, дали на вриштење и пиштење, дали на луѓе во ендек ќе ја заснова својата понуда Мисајловски. Нема со што да се обрати. Знам дека граѓаните во целата држава ќе препознаат дека враќање на режимот е единствената платформа на Мискоски и на ВМРО-ДПМНЕ” рече Спасовски во емисијата Само вистина, вечерва.

Треба да знаете
Последни објави