Search

Спасовски: Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици

Во борбата против нелегалната трговија со дрога СВР Скопје минатата година може да се пофали со заплена од рекордни 215 килограми марихуана, а годинава дури 1,5 килограми кокаин, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејсбук профил.

– Државата ја позициониравме како кредибилен фактор во борбата против недозволената трговија со наркотици. Како МВР продолжуваме бескомпромисно да работиме кон искоренување на оваа појава. Зголемување за 6,52 проценти бележи и процентот на расчистени разбојништва и разбојнички кражби на подрачјето на СВР Скопје за периодот јануари-октомври 2022, напиша Спасовски.

Министерот Спасовски порача дека продолжуваат со несмален интензитет во подобрување на безбедносната состојба, како на подрачјето на СВР Скопје, така и на територијата на целата држава.

Треба да знаете
Последни објави