Search

Спасовски до Мисајловски: Опцијата е проекти и сигурна иднина, а не обнова на режимот и вие тоа го знате, му кумувавте на тој режим 11 години

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски, вечерва е на дебата во ТВ 21 помеѓу носителите на листи во изборната единица 2.
„Треба да се натпреваруваме со проекти, со тоа што сме го направиле и планираме да го направиме. Опцијата е да продолжиме во сигурна иднина. Не е прашање што треба да обновиме, затоа што обновувањето на државата почна пред три години, тогаш кога го поразивме режимот, вие тој режим го знаете најдобро, кумувавте на тој режим 11 години. Куманово го оставивте без ниту едне денар во 11 години владеење. Да бидеме искрени” порача Спасовски, во врска понудата на коалцијата Можеме и тоа за што најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ и нивниот носител на листа во ИЕ 2.

 

 

Треба да знаете
Последни објави