Search

Спасовски: Гласот за Стево е глас за вистински претседател и вистински врховен командант

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски вчера попладне беше во посета на село Оризари, Велес.

На средбите со граѓаните од ова населено место се разговараше за актуелната состојба во државата, престојните претседателски избори, важноста од членството во НАТО кое освен безбедност и стабилност носи и бројни економски придобивки за државата и граѓаните.

Спасовски пред граѓаните потенцираше дека навистина е особено горд и среќен што денес можеме да разговараме за позитивни работи и успеси како тоа дека до крајот на годината нашата држава ќе биде 30 земја членка на НАТО .

„Ја обезбедивме сигурноста, стабилноста, ги гарантиравме територијалниот интегритет и границите на Македонија, а во јуни ќе ги отвориме преговорите за членство во ЕУ“, рече Спасовски.

Тој истакна дека најважните прашања за државата се веќе затворени, прашања кои што можат да донесат бенефит и за државата и за граѓаните. А само со најавата и потпишувањето на протоколот за членство во НАТО, се чувствуваат позитивните резултати за сите нас.

„Направивме сериозен исчекор напред, веќе сериозно ја раздвиживме економијата . Многу е важно овој историски момент да се потврди и заеднички да го избереме Стево Пендаровски за претседател на Република Северна Македонија.Човек зад кој застанаа 31 политичка партија без разлика на национална, верска или политичка припадност. Тоа е затоа што сите заедно застанавме зад напредокот на државата и заедно одбравме човек кој е натпартиски, човек што може сите да не обедини, кој беше рамо до рамо во сите битки заедно со нас иако не припаѓаше на ниту една партија.Човек кој знае да ги цени сите луѓе кои живеат во нашата држава, без разлика дали се Македонци, Бошњаци, Албанци, Срби, Турци, Власи, Роми или Египѓани“, заклучи Спасовски.

Потпретседателот на СДСМ, Спасовски ја заврши средбата со граѓаните од Оризари, со повик до граѓаните да го дадат својот глас за Стево Пендаровски, затоа што, како што рече, тоа е глас за човекот кој знае да не води на патот кон НАТО и ЕУ, вистински врховен командант, човек кој создава пријателства за државата.

Треба да знаете
Последни објави