Search

Спасовски: Во МВР откриени 40 лица со фалсификувани дипломи

 „Во Министерството за внатрешни работи се откриени 40 вработени кои имале фалсификувани факултетски дипломи“, откри министерот Оливер Спасовски.

Овие лица, според Спасовски, стигнале и до значајна функција во МВР, но, по откривањето добиле отказни решенија и кривични пријави.

Кривични пријави, како што рече министерот за внатрешни работи, биле поднесени и до факултетите кои ги издале тие дипломи.

Во актуелната дебата за уставните измени во Собранието и тврдењата за закани кон пратеници, министерот Спасовски рече дека досега ниеден пратеник нема пријавено кршење на законот. Но, вели дека има пријави од раководни лица во опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, и членови од истата партија.

Спасовски рече дека се бара амнестија за бившото раководство на опозицијата и како што вели за други луѓе кои им се од интерес.

Треба да знаете
Последни објави