Search

Спасовски во дебата на Телма: Очекувам дека граѓаните ќе бидат на висина на одговорноста и ќе излезат на изборите да избереме Влада и Парламент со полн капацитет во интерес на здравјето, економијата и интеграциите

Носителот на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски во вечерашната дебата на Телма одговори околу очекувањата  за излезност на изборите.
„Важно е да ги воспоставиме институциите на системот и тие да бидат функционални. Како ќе ги воспоставиме ако нема избори?! Очекувам дека граѓаните ќе бидат на висина на одговорноста и дека ќе имаме доволна излезност што ќе даде легитимитет на новата Влада и на Парламентот коишто се потребни за носење одлуки од здравствен аспекти, заради економијата и европските интеграции”, рече Спасовски.
Во врска здравствената ситуација, Спасовски, како премиер, оцени дека Владата донесе навремени и исправни одлуки и дека одлуките што се носат се поврзани исклучиво со заштитата на животот и здравјето на граѓаните. Ако има проценка за потреба од рестрикција за граничен влез, тоа ќе го разгледаме на Главиот Кризен Штаб, рече Спасовски, кој повторно ги повика граѓаните во земјава, да ги почитуваат мерките што значат нивна заштита.

 

Треба да знаете
Последни објави