Search

Спасовски: Безбедноста на граѓаните во Делчевско на највисоко ниво

 Општина Делчево има добра и стабилна безбедносна состојба, без никакви елемeнти за нејзино нарушување, е главната оценка од заедничката средба на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој денеска во Делчево одржа работна средба со вработените во Полициското одделение од општа надлежност Делчево.
Во рамки на престојот во Делчево, Спасовски се сретна и со вработените во Регионалниот центар за гранични работи Исток, како и со членовите на Локалниот совет за превенција.
Според Спасовски со ваквите согледувања на безбедносната состојба преку работата на локалните совети за превенција безбедноста ќе се подигнува на повисоко ниво од тоа што е досега.
-Сакам да констатирам дека врз осннова на сите показатели и анализи за основа на постапувањето дека општина Делчево има мирна и стабилна безбедносна состојба, без никакви елементи на нарушување. Тоа е нешто што треба да не мотивира нас, уште повеќе да придонесеме да се зголемува безбедноста и во Делчево и во државата бидејки безбедноста е основа и за развој на економијата, на локалниот економски развој и на целиот овој регион, истакна Спасовски.
На средбата со делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, министерот Спасовски изрази поддршка за проектите што општината ги реализира на поле на подобрување на состојбата во сообраќајот.
-Со градоначалникот разговаравме за проектите што ги реализира, кои доинесуваат пред се во инфраструктурата, а со тоа придонесуваат и во делот на сообраќајот. Поставување вертикална и хоризонтална сигнализација, обележување коловози, сето тоа е заеднички придонес кон безбедноста на целиот регион, додаде Спасовски.
Градоначалникот изрази багодарност до министерот и Министерството за планираната реконструкција на полициската станица која од нејзината изградба досега не е реконструирана.
-Моја порака до сите полициски службеници е и понатаму да ја продолжат бескомпромисна борба против криминалот бидејки само на тој начин можат да ја уживаат довербата на граѓаните и да се чувствуваат сигурни, истакна Трајковски.
Средбата се одржа како дел од редовните активности кои Министерството ги има со вработените во полициските станици во државата.
Треба да знаете
Последни објави