Search

Спасени четири лица завеани од снег на Пелистер

Четири лица завеани во снег во битолското село Горно Ореово, утринава биле спасени од припадници на Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување .

Како што соопштија од ДЗС, веднаш по добивањето на информацијата од вработени во ПО Битола, биле превземени сите активности за спасување на завеаните лица.

-По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа превземени и безбедно вратени во Битола, информираат од ДЗС.

Активностите околу пронаоѓањето на завеаните лица траело до 6 часот наутро, и истите беа завршени на безбеден начин.

Треба да знаете
Последни објави