Search

Спасени три мали волчиња

„Анима мунди“ информира за спас на три младенчиња волци и јавно се заблагодарува на Државниот инспекторат за ловство кој постапил по нивната пријава.

Волкчињата биле најдени сами на нива. Пронаоѓачот ги огласил да ги продава, по што здружението поднело пријава. Сега, како што велат од Анима мунди, волкчињата се на сигурно.

„Пред сè благодарност до инспекторите Зоран Вуиќ, Петар Џима и Ромео Саздановски како и на граѓаните кои ни го пријавија овој случај, давајќи ни доволен број конкретни информации за да може да постапиме. Потврдуваме дека волчињата се на сигурно“, велат од Анима мунди.

Од здружението додаваат дека волкот е богатство на нашите шуми и планини, совршенство на природата, интелигентно, храбро, верно животно кое гради силни социјални врски (живот го минува најчесто во моногамна врска со еден партнер, се грижи и до две години за своите младенчиња) и не е никаков штетник.

Треба да знаете
Последни објави