Search

Спасени двајца скијачи кои се загубиле на Шапка

Двајца скијачи биле спасени утрово откако претходниот ден се изгубиле додека скијале на Шар Планина.

Според полицијата, Љ.С.(36) вчера во 19.30 часот пријавил во полициското одделение Попова Шапка дека неговите другари М.Љ.(29) и Ш.Ф.(45) од Тетово  се оддалечиле од групата со која заедно скијале на потегот од Лисец кон Долно Палчиште, по што заталкале и веќе не биле достапни на нивните мобилни телефони. Полицијата веднаш организирала потрага по двете лица, во која учествуваа повеќе
полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Тетово, а во содејство со Горскоспасителна служба, се упатиле кон посочените места.

Скијачите биле пронајдени утрово околу 2.30 и пренесени во нивните домови.

Треба да знаете
Последни објави