Search

Спартак Москва ја менува Татабања во СЕХА-лигата

Во пресрет на стартот од новата сезона во регионалната ракометна СЕХА-лига дојде до рокада меѓу тимовите учесници. Унгарскиот тим Татабања е заменет со рускиот Спартак Москава. Рускиот тим ќе игра во групата со актуелниот европски, регионален и македонски првак Вардар. Во групата А ќе играат уште и Војводина, Татран Прешов, Нексе и Мотор.

По ваквата одлука на челниците од СЕХА-лигата, унгарскиот ракомет во регионалното натпреварување остана да го претставува само Веспрем. Македонија во новата сезона втор претставник во ова се попривлечно натпреварување за тимовите ќе ја претставува битолски Еурофарм Работник.

Првото коло од регионалното натпреварување е закажано да се одигра на 3 и 4 септември.

Треба да знаете
Последни објави