Search

Спалети објасни зошто Перишиќ го изведе пеналот, а не Икарди

Фудбалерите на Интер синоќа славеа на гостувањето кај Фрозиноне со 3:1 во рамките на 32-ро коло од италијанска Серија А.

Стрелци за „Нераѕурите“ беа Наинголан, Перишиќ и Весино, а интересно е тоа што Хрватот погоди од белата точка, иако досега за тоа беше задолжен Мауро Икарди.

„Имаме тројца или четворица фудбалери кои можат да изведат пенал. Тоа зависи од самодовербата и јас им оставам на играчите помеѓу себе да одлучат на професионален и пријателски начин“, изјави Лучијано Спалети.

После 32 одиграни кола, Интер се наоѓа на третото место на табелата во Серија А со 7 бодови помалку од второпласираниот Наполи, односно пет повеќе од четвртопласираниот Милан.

Треба да знаете
Последни објави